Здравје, Здрави навики

Прополис

17 мај, 06:36

Прополисот е темно зелена смолеста материја.

Оваа материја може да се забележи во кошницата на пчелите, во внатрешниот дел на рамките со која тие ги заѕидуваат пукнатините во кошницата, ги полираат ќелиите на саќните рамки во кои го чуваат собраниот мед и поленовиот прав.

За да го соберат овој материјал, пчелите собирачки летаат од 10 до 16 часови, по што се враќаат во кошницата, каде на другите пчели го предаваат собраниот материјал и повторно се враќаат во природата по нова берба.

Постојат два вида на прополис, едниот, односно вистинскиот е оној кој се добива преку излачување од самите пчели кога тие јадат поленов прав, а другиот го носат пчелите во кошниците собран од пукнатините на разни билки и дрва.

Она што е важно за прополисот е неговиот состав во кој се застапени 55% смола и балзам, 30% восок, 10% ароматично етерично масло и 5% поленов прав.

Кога ќе го донесат во кошницата, пчелите почнуваат да го соединуваат восокот и смолата по пат на ситнење во нивните усти и така го прават прополисот.

Поради драгоцените лековити својства кои многу одамна се испитувани и докажани во медицинската индустрија, прополисот има широка примена во народната и современата медицина.

Се користи при лекување на крвните садови, астма, чир на желудникот и дванаесетпалечното црево, гастритис и различни воспаленија на устата и грлото.

Како лековито средство, прополисот со голем успех се користи и во лекувањето на кожни заболувања, изгореници, егземи, брадавици и хемороиди.

Карактеристично за прополисот е тоа што тој ја стимулира регенерацијата на ткивата и овозможува побрзо заздравување на раните.


Природата изобилува со состојки, тревки, дрвја и билки благодарение на кои во голема мера можеме да си го подобриме здравјето.
Треба само да читаме и да се информираме за нејзините благодати, како што во случајов тоа е со прополисот.  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1636 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

12 август

12 август

Во 30 година п.н.е. починала Клеопатра, последената вледетелка на Птоломејската династија.

© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус