ПРОСО – здрава житарка без глутен

17 април, 00:01

Житарка која нема глутен па можат да ја употребуваат оние што немаат таква толеранција, добро се вари, содржи повеќе железо во споредба со другите житарки. Содржи и цинк, калциум, манган и витамини од групата Б. Уште една добра особина е што можат да ја употребуваат и оние што боледуваат од кандидијаза - габично заболување чиј причинител е CANDIDA ALBICANS. Дејствувајќи смирувачки на целиот организам допринесува и за намалување на појава на алергиите кои се поврзани со пролетните алергени. Многу често оние што пројавуваат вакви алергии имаат и нетолеранција на глутен, но не ја препознаваат, не се свесни за тоа, па проблемите и манифестациите што тоа им причинува ги припишуваат на веќе пројавената алергија.
Може да се користи и како брашно, но ако се сака од тоа да се прави квасно брашно тогаш треба да се помеша со некое брашно кое содржи глутен.

ПРОСОТО
За еден оброк доволно е 40 - 50 гр. просо ако биде главен оброк, а 100 гр. ако се приготвува за 6 лица, но како додаток во чорби или варива.
Потребно е:
1 главичка кромид
2 пиперки
2 тиквички
150 гр. мешан зеленчук – грашок, морков, пченка - шеќерка
2 лукчиња
½ кафена лажичка босилек
½ кафена лажичак биозачин
2 - 3 супени лажички маслиново масло

Подготовка:
Во еден сад се загрева маслиновото масло и се додава кромидот. Се додава малку вода и се остава кромидот да се динста 5 - 6 мин. а потоа се додава сè освен просото. Кога зеленчукот ќе биде малку мек се додава просото и со додавање на вода се вари на средна температура 10 - 15 мин. Потоа се трга од оган но се внимава да не биде суво и се остава уште малку да набубри.

ПРОСОТО БЕЗ ВАРЕЊЕ
Потребен материјал:
100 гр. просо киснато преку ноќ
3 рендани моркови
1 црвена пиперка
50 гр. мелени семки од сончоглед (непечени)
1 домат
2 супени лажици мешавина од сечкани 4 - 5 лукчиња, 1/2 китка исечкан магдонос полеани со 3 супени лажици маслиново масло
1 супена лажица сув власец
сол според вкус

Подготовка:

Просото се процедува и се меша со сончогледот, зачините и солта. Во друг сад се промешуваат морковот, кој сте го изрендале, насечканиот зеленчук и сè добро заедно се промешува  и се посолува.


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 10372 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус