Просветлувањето на Буда

06 јуни, 07:50

„Според една легенда Буда ја поминал целата земја во потрага по просветлување и ги посетил сите мудреци од неговото време. Ги практикувал сите можни духовни дисциплини, но сепак не постигнал просветлување. На крајот се откажал. Така очаен, седнал под една смоква и се просветлил.

Неколку години подоцна неговите ученици го прашувале:

„Учителу, можеш ли да ни ја кажеш тајната на просветлувањето. Како дојде до него?”

Но тајни техники не постоеле. Буда се обидувал да им го објасни тоа, но учениците сакале да ја дознаат техниката, како тоа се прави во практика. Тогаш Буда им рекол:

„Во ред, ќе ви ја откријам техниката. Кога ќе вдишете воздух бидете свесни за фактот дека вдишувате воздух. А кога ќе издишувате, бидете свесни за фактот дека издишувате воздух.”


Интересно зарем не? Ова не изгледа како некој духовен совет. 
Знаете ли што била неговата цел? Сакал учениците да се задлабочат во сегашноста, да станат свесни за она што се случува сега и овде! Тој знаел во својата просветленост дека Господ не е утре, дека Господ е сега. Животот не е утре, животот е сега. Љубовта не е утре, љубовта сега треба да се случува. Просветлувањето е сега во моментов. 
Ако живеете за тоа „сега” ќе бидете просветлени навистина!

„Новиот ден” - Антони Ди Мело


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2764 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус