Пукнат сад

15 јануари, 00:33

Некоја стара жена имала два големи земјени садови кои биле зацврстени на мотика која таа ја носела на нејзините рамена. Во садовите жената секојдневно носела вода. Едниот сад бил малку пукнат и во него жената од изворот до нејзината куќа успевала да однеси само половина вода од садот, бидејќи останатата половина истекувала низ пукнатината, а другиот сад бил сосема здрав и во него жената ја пренесувала целата количина вода.
Ова се случувало речиси две години, и во тој период здравиот сад бил горд на себе бидејќи во целост си ја бркал работата, а пукнатиот сад се чувствувал понижен и бескорисен, бидејќи не можел во целост да ја заврши работата за која бил направен.

Не можејќи повеќе да го издржи неуспехот, пукнатиот сад еден ден ѝ проговорил на жената:
„Многу ми е срам бидејќи поради пукнатината која ја имам на себе не можам целата количина вода да ја пренесам до домот.”

Жената се насмевнала и му се обратила на пукнатиот сад:
„Дали имаш забележано дека на страната од патот по кој со тебе поминувам на моите рамена има цвеќиња, а истите тие ги нема на страната од патот по кој поминувам со другиот сад? Тоа е така затоа што отсекогаш знаев за твојот недостаток. Знаејќи дека си пукнат и дека водата ќе тече од тебе додека се движам кон мојот дом, посадив семиња од цвеќиња на таа страна од патот и секој ден на враќање ти со својата вода ги полеваше тие цвеќиња. Веќе две години ги берам тие цвеќиња со кои го украсувам својот дом. Да не беше таков каков што си, немаше сега јас да ја имам таа убавина од цвеќиња во домот.”


Секој од нас има некој недостаток, но токму нашите недостатоци го прават животот интересен и несекојдневен. 
Секоја личност треба да се прифати таква каква што навистина е и во неа да е бараат само убавите нешта.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2165 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус