Занимливост, Убави нешта

Pura Tanah Lot – свето место и туристичка атракција

12 јануари, 09:23

 

 

 

 

 

 

Бали, еден од најубавите острови на светот е вистински рај за туристите. Традиционалните танци, скулптурите, музиката и неверојатните градби се само дел од магијата на островот.

По должината на брегот на Бали лежат седум храмови поставени на карпи кои настанале под влијание на плимата.

Најубавиот од нив, храмот Pura Tanah Lot се издига врз прекрасно здание создадено од природата, карпата Tanah Lot која е обликувана од брановите и која му дава посебна мистичност на храмот.

Со текот на годините делови од карпата почнале да се кршат, па денес еден дел од ова здание е направено од човечка рака, со цел да се зачува храмот и безбедноста на посетителите.

Храмот е свето место наменето за аџилак, а неговата неверојатна убавина и мистичност го претворија и во туристичка атракција која предизвикува воодушевување.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1980 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус