Занимливост, Интересно

Радоста на сликањето – видео за уживање

20 јули, 07:14

Дали сте слушнале за Боб Рос? Овој неверојатно позитивен уметник стана познат благодарение на телевизиското шоу „Радоста на сликањето”.

Секоја епизода е вистинско уживање за љубителите на уметноста, особено за сите оние кои сакаат да се обидат во областа на сликарството.

Не мора да имате талент, доволна ви е само желба (која несомнено ќе ја добиете по гледањето на видеото), платно или нешто слично на сликарско платно и бои за сликање.
Ќе се изненадите колку лесно може да насликате прекрасни планини, дрва, езерца...

Боб Рос не само што слика, тој толку интересно зборува што ќе уживате во магијата која ја пренесува со својот глас и сликарската четка. Додека со четката се движи по платното, Боб ви зборува за малите среќни облаци, за дрвата на кои треба да има место за малите птици, и сето тоа го прави со таква љубов што не можете, а да не ја почувствувате.

Можеби токму Боб ќе ве инспирира да најдете ново хоби, или едноставно да се одморите и да уживате додека гледате дел од неговата уметност.

Планини


Зимзелени дрва


Творештвото на Боб Рос

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1957 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус