Разгледници

Нешта кои не сте ги знаеле за Македонија

24 јули, 06:52

Колку ја познавате својата земја?

Нејзините природни убавини и нашиот начин на живот се честа инспирација за странските списанија и портали. Многу често може да наидете на факти за Македонија кои и ние самите не ги знаеме.

На повеќето страници испишани со факти за Македонија, покрај другото ќе наидете и на следното: „Македонците не ги користат тротоарите за пешаци, туку за паркирање”. За нас ништо чудно, но за светот ова е и повеќе од необичен и интересен податок.

Шегата настрана, оваа убава земја испишала многу страници со својата историја, а што се однесува до фактите, ова се само дел од интересните податоци кои ги издвоивме за вас.


Познатата салата Macedoine составена од мешано ситно овошје или зеленчук е многу популарна во Франција, Италија, Шпанија и Латинска Америка. Оваа салата е инспирирана од разноликите етнички малцинства во Македонија.


Секоја година во Македонија се склучуваат околу 15 000 бракови.


Првиот воз на Балканот беше токму оној кој се движеше на релација Солун  - Скопје, по железничката пруга изградена во 19 век.
Во текот на една година, секој Македонец просечно јаде околу 119 кг. леб, 89 кг. зеленчук, 50 кг. овошје, 31 кг. месо, 3,5 кг. риба, 9 кг. сирење, 120 јајца, 15 кг. шеќер и пие околу 61 л. млеко.
За пиво, кафе, ракија и вино подобро да не пресметуваме!


Зоолошката градина во Скопје е првата зоолошка градина отворена на Балканот.


Гајдаџијата Пеце Атанасовски го освоил првото место и наградата „Златна гајда” на фестивалот во Сицилија во 1968 година. Златната гајда ја освоил во конкуренција од 1 800 гајдаџии од целиот свет, а освоил и 16 први места на други меѓународни натпревари. Атанасовски држел и часови за македонскиот фолклор на 90 универзитети ширум светот, од Токио до Лос Анџелес.


Македонија има повеќе планини и планински врвови од која било друга земја во светот.


За пештерата Пешна во Македонски Брод престижниот Њујорк Тајмс напиша дека е потполно иста како пештерата од „Господарот на прстените”.


Македонското знаме е избрано за второ најубаво знаме во светот. Ова признание е доделено во 2002 година од страна на уредниците на „Светскиот алманах и книгата на факти”.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4320 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус