Разгледници
Градот под Марковите Кули – Прилеп
14 ноември, 10:15
Марко Цепенков, Крали Марко, Итар Пејо, сите овие имиња асоцираат на Прилеп.
Градот кој се наоѓа под Марковите Кули уште е познат и како градот на тутунот. Миризбата на тутунот потсетува на минатото, потсетува на ,,Тутуноберачите”. Градот Прилеп живее за и од тутунот.
Сместен е во северниот дел на Пелагониската котлина.
Според едно предание градот бил прилебно место (место каде што се правело леб), па од таму и го добил своето име.
Предисториската населба Маркови Кули која се наоѓа веднаш до градот, зборува за богатата историја и минато на овој град.
Со старите фотографии од Прилеп ќе ве навратиме во минатото и ќе ве оставиме да уживате во првобитниот изглед на градот.
извор: Мој Портал
автор: Jakimova Jasmina
Оваа вест е прочитана 9502 пати.
Коментари [1]
ivaOvde na ovaa stranica ima mnogu ubavi sliki.
Додади коментар