Разгледници
Копаничарството – уметност со долга традиција
28 јули, 06:45
Кога раката на уметникот внимателно ќе го земе длетото, кога длетото ќе го допре парчето ореово дрво, кога во секое движење на раката уметникот ќе внесе многу љубов и трпение, токму тогаш ќе се создаде иконостас или икона изрезбана од дрво, вистинско ремек дело на копаничарите.
Копаничарството е фасцинантен облик на уметност која создава дела кои имаат не само посебна убавина, туку и своја душа и духовност.
Македонското поднебје е богато со надарени раце кои на дрвото му даваат живот.
Ова е Македонија низ најубавите иконостаси и икони.
Повеќе фотографии и информации за копаничарството погледнете на http://www.artstyledecor.com
извор: Мој Портал
автор: Stojanovska Elena
Оваа вест е прочитана 8425 пати.
Додади коментар