Разгледници

Крушево

23 март, 10:25

Највисокиот град на Балканскиот Полуостров, градот на некогашната Крушевска Република, градот кој располага со безброј историски и културни споменици, градот на нашиот Тоше, сето тоа е Крушево.

Сместен во западниот дел на нашата земја, овој град е препознатлив по својата архитектура. Изгледот на куќите, црквите и манастирите е надалеку познат и прочуен благодарение на познатите крушевски градители, зографи и резбари кои станале прочуени не само во нашата, туку и во соседните земји.

Веднаш над градот, во непосредна близина се наоѓа познатиот споменик „Македониум” кој е веродостоен доказ за долгото и мачно минато на нашиот народ, но истовремено е сведок на успехот на македонскиот народ во остварувањето на своите цели и интереси.

Старите фотографии од Крушево нека ве навратат во минатото и на момент нека ве потсетат на историјата, на почетоците, на непокорот…


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 7806 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус