Разгледници

Македонски свадбарски носии

13 март, 06:27

Невестинските носии кои нашите баби ги носеле на своите свадби воопшто не наликуваат на денешните венчаници.

Иако се далеку од она што денес се смета за модерно, нивната вредност е огромна и не може да се спореди со денешните комерцијални венчаници.

Македонски свадбарски носии се направани рачно, со многу труд, љубов и внимание, а нивната вредност ја препознал светот, па дел од овие прекрасни бисери од ѓерданот познат како македонска традиција се изложени во музеите ширум светот.

Ви претставуваме дел од невестинските носии поставени во Музејот на меѓународна фолклорна уметност во Санта Фе.

Изложбата насловена како „Млади невести, стари кошули” е проценета како изложба на која се претставени уникатни, рачно изработени носии и невестински накит со непроценливо значење.

Ткаените и везени носии се оценети како едни од најфините текстилни материјали кои ја отсликуваат не само индивидуалната креативност, туку и духот на македонската жена кој опстанал низ вековите.

Носиите потекнуваат од различни предели на Македонија, а датираат од периодот помеѓу 1850 – 1950 година.

Ова е Македонија низ творбите на македонската жена.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 12368 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус