Разгледници

Охрида града

09 март, 00:03

Античкиот „Лихнидос” или денешен Охрид е најпознатата туристичка дестинација во нашата земја. Се наоѓа во југозападниот дел на Македонија,а Охридското Езеро го добило името по градот. Во 1980 година Охрид и Охридското Езеро се прогласени за светско и културно наследство и се ставени под заштита на  УНЕСКО.

Охрид се нарекува „Европскиот Ерусалим” затоа што на неговата територија, во минатото постоеле 365 цркви, т.е. имало по една црква за секој ден во годината.

Овој град плени со својата убавина, со надалеку препознатливата архитектура, со исконските цркви и манастири кои денес ги има околу стотина, со Самуиловата тврдина, со Канео, со езерото...

Кога сте во Охрид минатото се испреплетува со сегашноста, градбите од памтивек ве враќаат години и години наназад и сведочат за едно време кое поминало, но не е заборавено.

Уживајте во старите фотографии кои за миг ќе ве „прошетаат” низ историјата на Охрид.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4777 пати.

Коментари [1]

Ѓорѓи

Многу убаво.

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2019 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус