Рецепт за вкусниот „Трилече” колач

25 ноември, 00:01

Во последно време „Трилече” благиот колач со право станува многу популарен, бидејќи кога еднаш ќе се вкуси неговиот неодолив вкус верувајте дека ќе сакате да го подготвувате колку што е можно почесто.
Овој вкусен колач името го добил по трите видови млеко кои се користат за подготовка на преливот, но подготвен и само со два вида, со обично млеко и со слатка павлака, верувајте дека ќе биде исто толку многу вкусен и добар како и оригиналниот рецепт.
Можете да го подготвите за претстојните празници како посебен специјалитет и да ги изненадите вашите гости и блиски пријатели, а можете да го подготвите и било кога без некој посебен повод, па да ги изненадите вашите најблиски, вашето семејство.

Состојки за пандишпан:
6 јајца
300 гр. шеќер
1 ванилин шеќер
300 гр. брашно
1 прашок за печиво

Состојки за прелив:
750 мл. млеко
½ литар слатка павлака
250 мл. млеко за кафе

Подготовка:
Во два посебни садови се разделуваат белките од жолчите. Жолчите заедно со шеќерот убаво се матат и кога ќе се стопи шеќерот двете смеси убаво се мешаат. Се додава ванилиниот шеќер и смесата уште еднаш убаво се мати.
Во друг сад настрана се меша брашното со прашокот за печиво и постепено со лажица се довава во смесата со јајцата. Смесата убаво се меша со дрвена лажица и се истура во плех обложен со хартија за печење.
Се печи 10 минути во претходно загреана рерна на 200°Ц а потоа се намалува температурата на 170°Ц и се печи уште 20 минути.
Откако ќе биде готов пандишпанот се остава малку да се излади и се отстранува хартијата за печење.

Сите три видови млека убаво се мешаат во длабок сад додека да се изедначи смесата, се мешаат со лажица, не се матат со миксер.
Еден мал дел од добиениот прелив се истура во плехот во кој претходно се печеше пандишпанот. Потоа во плехот се става изладениот пандишпан и одозгора се прелева со останатиот прелив.
Се остава неколку часови пандишпанот убаво да ја впие течноста и за крај вкусниот колач се премачкува со готов карамел.

Пријатен сладок апетит!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 113369 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Март

19 Март

Во 1955 година, во западна Германија е роден познатиот актер Волтер Брус Вилисон, или познат во филмската светска јавност како Брус Вилис. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус