Рецепти

Ајвар со црни домати

01 октомври, 00:02

Состојки:
10
средни по големина црни домати 
15 кг. пиперки

4 кг. домати
1
и 1/2 литар малсо
сол по вкус

 

 

Подготовка:

Пиперките убаво се мијат, потоа се печат, се лупат, им се вадат семките, се цедат и откако убаво ќе се исцедат, се мелат во машина.

Црните домати убаво измиени се печат во загреана рерна. Откако ќе се изладат, се лупат и се мелат.

Доматите убаво се мијат и се мелат.

Во поголемо тенџере најпрво се пржат само доматите, околу 15 минути. Потоа се додаваат црните домати и смесата се пржи со често мешање уште 15 минути. Последни во смесата се додаваат пиперките.

Ајварот се пржи отприлика 1 час и 30 минути, но откако ќе почне да врие. Сѐ додека се пржи треба често да се меша бидејќи може да загори.

Пред ајварот да се тргне од огнот му се става сол и 1 или 1 и 1/2 литар масло.

Сезона на ајвар е, нели? 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5471 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус