Рецепти

Чај за утринските часови после новогодишната ноќ

01 јануари, 00:24

Во Новогодишната ноќ сè нека биде весело. Нека се мешаат вкусови, бои, солени поезии и слатки делиции, па нели единствена е ноќта кога љубовта се слави.
Сепак, во утринските часови, кога малку ќе ви натежне од убавината на таа ноќ, посегнете по топла шолја чај што ќе ви го забрза метаболизмот и несаканите тегоби ќе исчезнат како со рака да се однесени.

 

Неколку парчиња од:
- корен од ѓумбир
- сладок корен или сладунец и
- куркума
ставете во стаклен сад и потурете ги со 200мл. врела вода (до точка на вриење).
Затворете го садот и оставете го 5-10мин. да отстои.

Чајот се пие голтка по голтка за да може подобро да дејствува. Ако немате сладок корен тогаш едноставно направете чај од ѓумбир и куркума.
Ако немате ѓумбир и куркума во свежа состојба тогаш сосема е во ред да ги употребите во форма на прав, а соодносот е: ½ кафена лажичка во прав = 1 кафена лажичка свеж рендан, а може и да ги комбинирате, ако имате ѓумбир во свежа состојба, а куркумата да биде во прав.

Навистина ќе почувствувате олеснување, а вашиот желудник лесно ќе се ревитализира.
Овој чај не содржи кофеин што го прави погоден  да се пие во секое време од денот после оброк.
Сите три видови на корен имаат противвоспалително дејство, го заштитуваат и забрзуваат вашиот метаболизам, превенирајќи наталожување на маснотии, содржат малку калории, го заштитуваат вашето срце и вашите зглобови. Може ли и покрај овие корисни дејства да се премислувате дали да се напиете ваков чај? НЕ ВЕРУВАМ...НЕКА ВИ Е НАЗДРАВЈЕ.
 
 
Како што оваа топла шолја чај ви ја грее душата така и оваа ноќ нека ви го стопли срцето. Велат љубовта доаѓа од устата. Тогаш јадете здраво и љубовта ќе ве прегрне со право.
Нека ви е честита и среќна новата 2014 - та. Со добра и правилна исхрана годините ќе ви бидат само цртички на хартија, а животот прекрасна арија.


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 2852 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус