Рецепти

Чоколаден сладолед ммм...

31 јули, 07:09

 

 

 

 

 

 

Состојки:

  • 300 мл млеко
  • 200 мл слатка павлака
  • 100 гр шеќер
  • 4 жолчки
  • 100 гр чоколада (темна)
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица екстракт од ванила

Подготовка:

Во подлабок сад ставете ги млекото и слатката павлака и оставете ги да се подварат. Тргнете ја од огин и во неа додадете го чоколадото искршено на коцки заедно со медот.

Во посебен сад изматете ги жолчките заедно со шеќерот.

Жешкото млеко со чоколада и мед додадете го во садот со изматените жолчи. Мешајте додека да се изедначи смесата. По што повторно ставете ја на тивок огин да се вари со редовно мешање. Смесата треба малку да се згусне.

Така добиената смеса процедете ја, додадете го ванилиниот екстракт, добро промешајте и оставете да се излади. Изладената смеса треба да отстои 4-5 часа во ладилник, но внимавајте да не се појават кристали!

Декорирајте по своја желба.

Совет: Пред да ја ставите изладената смеса во ладилник додадете ситно сечкана чоколада и промешајте.

Одлично за деновите од пролетта!

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3408 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус