Рецепти

Француски палачинки

28 февруари, 00:02

Подготовка
 
Тесто за палачинки:
Во подлабок сад ставете 2 јајца, 280 гр. брашно, ½ л. млеко и малку сол. Добро измешајте ја смесата за да не останат грутки. Од оваа смеса се пржат палачинки.
 
Крем:
Во посебен сад ставете 150 гр. шеќер, 8 жолчки, ½ л. млеко и чаша бело вино. Смесата се мати сè додека да стане пенеста.

 
Земете сад за печење, премачкајте го со масло и нанесете лебни трошки. Потоа нанесете една палачинка, прелијте ја со кремот и над неа нанесете ја другата палачинка. На овој начин се прелива секоја од  палачинките. Откако ќе ја премачкате секоја од палачинките, пресечете ги на три дела и прелијте ги со остатокот од кремот. Така подготвената торта од палачинки ставете ја да се потпече.
 
Добар апетит!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3995 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус