Рецепти
Капучино бомбици
Состојки:
1 млечно чоколадо стопено на пареа
1 мала лажичка нескафе
2-3 лажици хопла/шлаг
1 лажица потстопен маргарин
200 гр. сечкани ореви
Подготовка:
Нескафето растворете го во малку зовриена вода, измешајте ги состојките и формирајте бомбици.
Секогаш може да додадете мелени бисквити за да добиете повеќе колачи. Само зголемете го количеството на маргарин и шлаг и убаво измесете ги состојките.
Посна варијанта
Посната варијанта би била со посно чоколадо за готвење и посна шлаг пена.
Бомбиците се чоколадираат и се декорираат со бело чоколадо.
Наместо чоколадирани, може да ги посипете со покрупни парчиња рендано бело чоколадо.
Ние ја подготвивме посната варијанта и верувајте, бомбиците се вистински деликатес!
Совет: Подготовката на визитарски колачи секогаш дава слобода за комбинирање на состојките. Секој рецепт може да го прилагодите на сопствените потреби, да употребите повеќе бисквити, а помалку ореви или лешници и не мора строго да се придржувате до количината на состојките.
Важно е да добиете смеса од која лесно ќе се прават форми.
Додади коментар