Рецепти

Кифли машнички

05 април, 05:37

Состојки:

1 кгр. брашно
3 филџанчиња масло
2 јајца
2 квасци
3 лажички сол
300 - 400 гр. изварка
вода по потреба
маргарин за мачкање (не се става во месењето)

 

Подготовка:

Од сите состојки убаво месиме меко тесто и го делиме на 8 дела.
Од секој дел сучиме кора, ја мачкаме со маргарин и ја посипуваме со изварка.

Правиме 6 вакви намачкани кори и ги редиме една врз друга на 2 места.
Останатите 2 кори не ги мачкаме, само ги ставаме врз намачканите.

На овој начин добиваме 2 дела тесто, секој со по 4 кори.

Од секој дел сучиме кора со дебелина околу 1 см. и ја сечеме на правоаголници големи приближно 2x6 см.

Секој правоаголник го превиткуваме на средина, така што едниот крај да се преврти и долната страна да стане горна.

Машничките ги мачкаме со жолчка и ги декорираме со сусам, оригано или ким. Оставаме малку да надојдат, па печеме на 220° Ц додека да заруменат.


Посна варијанта

Посната варијанта е исто така вкусна. Ги правите без јајца, наместо изварка, корите може да се посипат со ситно исечкан, запржен праз, со мали парченца суви пиперки, претходно омекнати во топла вода и исцедени, со маслинки...
За мачкање на посните кифли користете сенф растворен со малку вода.


Многу се вкусни, крцкави и декоративни.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5925 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус