Рецепти

Кинати пиперки – додаток за секое јадење

04 октомври, 00:01

Време е за зимница! Мармалад од сливи, домашен сок, слатко од капинки, ајвар и туршија...

Домот постојано мириса на нешто слатко, солено или кисело.

Покрај традиционалниот ајвар, ви препорачуваме да подготвите кинати пиперки – одличен додаток за месо, кифлички или парче топол леб и сирење.

Оној кој пробал знае колку се вкусни!

 

Состојки:
5 кгр. печени пиперки
1 филџан шеќер
1 филџан винска киселина
3 филџани масло
неколку чешниња лук
сол по вкус
магдонос
 

Подготовка:
Излупените пиперки исчистете ги од семето и искинете ги на долги и тенки парчиња. Ставете ги во тенџере на оган и пржете ги околу 15 минути без масло, со повремено мешање.

Потоа додадете ги шеќерот и киселината и пржете околу 15 – 20 минути.

На крај додадете го маслото ( претходно загреано, да биде врело), сечканиот лук, сол по вкус и пржете уште половина час. При крајот на пржењето додадете и сечкан магдонос.

Се собираат топли, во топли тегли.

Совет:За да си ја олесните работата, кога ќе ги печете пиперките за ајвар, испечете ги и оние за кинати пиперки, па може да ги подготвите наредниот ден, кога ќе завршите со ајварот.
Доколку сакате да направите помала количина, сразмерно намалете ги сите состојки.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 9967 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус