Рецепти

Коцки со пудинг

24 јуни, 08:10

 

 

 

 

 

 

Смеса за пандишпан:
8 белки
8 лажици шеќер
8 лажици брашно
150 мл. млеко

Прв фил:
2 кесички пудинзи од ванила
6 лажици шеќер
500 мл. млеко

Втор фил:
2 кесички пудинзи од чоколадо
6 лажици шеќер
500 мл. млеко

Трет фил:
10 жолчки
400 гр. шеќер во прав
500 гр. маргарин

2 кесички шлаг пена
1 чоколадо за готвење

Се бијат белките со шеќерот и им се додава брашното. Смесата се става во правоаголен плех намачкан со масло и посипан со брашно и се печи 30 минути на 170 степени. Откако ќе се излади се полева со млеко.

Првиот фил се добива со варење на пудинзите од ванила, шеќерот и млекото.

Вториот фил се добива со варење на пудинзите од чоколадо, шеќерот и млекото.

Трет фил: жолчките се бијат со шеќерот во прав и се варат над пареа. Откако ќе се изладат им се додава претходно убаво избиениот маргарин. Овој фил уште еднаш убаво се бие и се дели на две половини. Едната половина се става во првиот фил со пудинзите од ванила, а другата половина се става во вториот фил со пудинзите од чоколадо и убаво се бијат со миксер.

Над пандишпанот се става прво чоколадниот фил и убаво се мазни, па тортата се става да постои 5 до 10 минути во фрижидер за смесата да се стегне. 
Потоа се става филот од ванила, се мазни и се става повторно во фрижидер 5 до 10 минути. 

Откако ќе се стегне тортата, над филот со ванила се става шлаг пена, а над неа се става изрендано чоколадо за готвење. 

Се служи како ладен десерт.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4499 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2017 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус