Рецепти

Кокосовки – ситни колачи за гурмани

07 април, 05:50

Состојки:

Тесто:
4 белки
300 гр. шеќер
300 гр. кокос

Фил:
4 жолчки
200 гр. шеќер во прав
½ изматен маргарин
ванила
шеќер во прав за посипување на готовите колачи

 

Подготовка:

Белките убаво ги  матиме со шеќерот да се добие цврста смеса и ја оставаме половина час во фрижидер. Потоа го додаваме кокосот, мешаме со дрвена лажица и со мало лажиче формираме топчиња кои ги редиме во плах намачкан со масло.

Потрудете се сите форми да бидат приближно со иста големина.
Големината на топчињата е отприлика колку едно капаче од пластично шише.
Колку помали, толку поубаво изгледаат, но оние кои сакаат поголеми колачи може слободно да ги направат по свој вкус.

Колачите се печат на 175° Ц околу 10 -12 минути. Внимавајте, брзо може да изгорат, мора да ги надгледувате додека се печат.

Филот се подготвува на следниот начин: жолчите се матат со шеќерот, се додава ванилата и матениот маргарин.

Од филот со мало лажиче се става на изладените форми и се лепат. Се прпелкаат во шеќер во прав.

Колачите треба да отстојат еден ден, убаво затворени во пластичен сад за да омекнат, потоа може да ги замрзнете.

Поради жолчките во филот, не ви препорачуваме да ги правите во лето, најдобро е да се подготват кога е постудено.

Кокосовките се ммм.., чести „гости” кај екипата на Мој Портал:)

 

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6545 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус