Рецепти

Летен сок од праски

18 јули, 06:52

 

 

 

 

 

 

Состојки:
1 кг. праски
1 литар вода
250 гр. шеќер
рендана кора од ¼ лимон

Подготовка:
Праските убаво се мијат, се чистат, се лупат и се мелат во машина за мелење месо, или во блендер.

Водата се става во сад на оган да зоврие и му се става шеќерот. Се вари додека да се стопи шеќерот. Потоа течноста се остава убаво да се излади.

Откако течноста ќе биде сосема ладна, во неа се додаваат мелените праски. Се става ренданата кора од лимонот и сокот убаво се меша за да се соединат состојките и да се добие хомогена смеса.

Вака добиениот сок се собира во шишиња и се става да стои во фрижидер, на ладно.

Препорачливо е да се пие веднаш по ладењето и во наредните 3 до 4 денови, бидејќи во него нема никакви додатоци, конзерванси и емулгатори, кои ќе можат да му го продолжат рокот на употреба.


Во овие летни пеколни денови, освежете се со овој прекрасен природен сок од праски!

летен сок од праски, leten sok od praski, sok od praski, praski, сок од праски, праски

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 11820 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус