Рецепти

Медитерански залачиња

30 август, 11:06

Дали сте подготвени за малку поинаква свежа салата?

Наместо класичната салата во чинија, ви го предлагаме нашиот рецепт за медитерански залачиња. Вкусот е ист, но затоа добивате декоративно сервиран зеленчук кој ќе предизвика воодушевување.

Бидејќи зеленчукот го има преку цела година, може да ги подготвувате за сите слави, имендени и други семејни прослави, со цел да ја разубавите трпезата.

Подготовката е и повеќе од едноставна: краставиците исечете ги на подебели парчиња, издлабете ја внатрешноста, па наполнете ги со сечкани домати, маслинки, пиперки и кромид, одозгора ставете малку сирење и магдонос и медитеранските залачиња се подготвени за сервирање. Претходно сите состојки  за полнење измешајте со лажица маслиново масло и малку сол, па потоа полнете краставиците.

Уживајтеsmiley


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2882 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус