Рецепти

Мрзлива палачинка

13 април, 06:10


Состојки:

1 шолја брашно
1 шолја млеко
½ шолја вода
4 јајца
малку сол

 

 

Подготовка:

Состојките ги матиме со миксер, најпрво јајцата, па останатите состојки.
Плехот убаво го мачкаме со маргарин (ставаме видлив слој на дното и страните), па го загреваме во рерна на 180 степени.
Кога маргаринот ќе почне да се топи, ја ставаме смесата и печеме околу 25 минути.


Палачинката може да се свитка како ролат, со фил од павлака, сирење, корнишони, шунка, или да се исече на парчиња и да се послужи со сирење.

Навистина брзо и вкусно предјадење.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 14992 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус