Рецепти

Печен крап со вкусен сос од зеленчук

09 мај, 08:11

Измиениот и исчистен крап се засекува по должина, се посолува, па се полни со смеса од ситно исечкани моркови, магданос и лук.

Во тавата се ставаат и кругови од моркови, корнишони, магданос, лук, ловоров лист и мешан сув зеленчук.

Крапот се полева со малку масло, бело вино и вода.

Се печи околу час и половина на умерена температура. Во текот на печењето, неколку пати се полева со сосот.

Петнаесетина минути пред да биде готов, во тавата се додава лажица брашно разматена со вода, за да се згусни сосот.

Пред да биде готов, температурата се зголемува да зарумени и да се потпечи.

Вкусот е неверојатен, едноставно мора да пробате:)

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 7093 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус