Рецепти

Пита со јаболка

24 декември, 12:57

Ако го сакате мирисот на јаболка и цимет, сигурно ќе уживате во оваа пита.
Се подготвува лесно и брзо, а вкусот е ммммм.....
Едноставно мора да пробате.

Состојките за тесто ги мешаме и месиме сè додека не добиеме мазно тесто кое може да се исучи во кора. По потреба додаваме брашно, а ако е премногу суво додаваме малку млака вода или млеко.

Тестото го делиме на 2 дела, од секој дел сучиме кора со големина на дното на правоаголна тава (38 x24 см. но може да печете и во поголема/помала тава), па едната кора ја ставаме во тавата која претходно сме ја намачкале со масло.
Врз кората го ставаме филот, па втората кора.

Не грижете се ако тестото се искрши, тоа е еластично, па со прстите убаво распоредете го врз филот.

Питата ја печеме на 180 степени, околу 20 – 25 минути.
Потоа ја премачкуваме со снег од 3 белки изматени со 6 лажици шеќер (врз белките по желба посипуваме цимет или кафеав шеќер), па ја враќаме во рерна да се потпечи белката.

Питата е повкусна наредниот ден, кога тестото ќе омекне и ќе го прими вкусот на јаболката и циметот.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6606 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

24 април

24 април

Во 1942 година е родена Барбара Стрејсенд, една од најголемите музички ѕвезди, пејачка, текстописец, актерка, писателка, филмски продуцент и режисер.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус