Рецепти

Погача

28 март, 07:04

1 кг. брашно
2 квасци надојдени
100 мл. млака вода
малку сол

Фил:
3 јајца
300 гр. сирење

 

 

Тестото се замесува и се остава да кисни половина час. 

Потоа, се сучи во една голема кора, се премачкува со маргарин и се става филот, кој треба убаво да се распредели по целата површина.

Следно, тестото се витка како ролат и се сечи на парчиња со дебелина од 2 до 3 сантиметри. Добиените парчиња, во круг се редат во тркалезно тавче бр. 28 или бр. 30, претходно намачкано со масло.  

Погачата која се добива на ваков начин се премачкува со јајце, ѝ се става сусам и малечки парчиња маргарин и се печи 45 минути во загреана рерна на 180 степени.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 7419 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус