Рецепти

Потпечени кори со јогурт и јајца

28 октомври, 13:13

Овој предлог е одлична идеја во случај кога сакате нешто набрзина да подготвите и да го јадете додека е топло.
Добра идеја е корите да ги подготвите наутро за појадок со чаша јогурт, но исто така може да се подготват и како вечера или закуска.
Без оглед како ќе ги подготвите сигурна сум дека ќе бидете изненадени од леснотијата и брзината на подготовката и секако од вкусот кој ќе ве натера да посегнете по уште едно парче од вкусните печени кори.
Направете ги уште денес за вечера и заедно со вашето семејство уживајте во нивниот неповторлив вкус.

Потребни состојки:
500 гр. готови кори (за баклава)
1 литар јогурт
250 гр. сирење
6 јајца
сол
мешан сув зеленчук
малку масло

Подготовка:
Најпрво сирењето убаво се дроби со виљушка.
Жолчките се делат од белките и во два посебни садови убаво се матат.
Во подлабок сад се става јогуртот, се додава сирењето, жолчките и белките, се става малку масло, сол и мешан сув зеленчук и се заедно убаво се меша со лажица.
Во правоаголна тава претходно намачкана со малку масло се ставаат 3 кори малку изгужвани за да ги собери во тавата и над ни се става една или две големи лажици од филот, потоа повторно се редат 3 кори и повторно се става од филот. Постапката се повторува додека да се потрошат сите кори.
Во филот кој што ќе ви остане за последното прелевање се додаваат претходно изматени две јајца и со него се прелеваат корите.
Вака подготвената тава со кори се става да се печи во загреана рерна на 180°Ц половина час и откако ќе се олади се сечи на коцки и се послужува.

Пријатен апетит.  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4960 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус