Рецепти

Вкусни бомбици со сирење и зденки

09 јануари, 00:02

Ако сте од оние луѓе кои сакаат да експериментираат со вкусови, тогаш сте на вистинското место, зошто нашиот денешен предлог рецепт е токму таков - експериментален, кој е добиен со мешавина од повеќе вкусови.
Бомбиците се подготвуваат многу брзо и лесно, одлични се кога имате повод за некоја домашна прослава, затоа што се декоративни, а во исто време и многу, многу вкусни.
Воопшто немојте да се двоумите дали да ги подготвите, бидејќи на крајот откако ќе ги пробате, верувајте дека ќе посакате да изедете уште една, па уште една и уште една бомбица ... и така до бескрај.

Потребни состојки:
8 зденки
200 гр. сирење
100 гр. сусам
250 гр. шунка

Подготовка:
Сусамот се става во тава и се печи неколку минути во загреана рерна додека да порумени. Шунката се сечка на ситни коцки, а сирењето се мати со миксер заедно со зденките. Во нив се додава исечканата шунка и смесата повторно убаво се меша. Се формираат бомбици кои потоа се прпелкаат во сусамот. Се ставаат до книжни корпиња и се послужуваат.

Ако не сте љубители на сувомесните производи, можете шунката да ја замените со ситно сечкани моркови, или ситно сечкани кисели краставички.
Исто ако сакате да направите поголем број бомбици сразмерно зголемете ја дозата.

Пријатен апетит!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 30909 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус