Репортажи

Чинарот – најстарото дрво во Македонија

15 јули, 00:30

Чинарот – дрво старо повеќе од 6 века. Според легендите и преданијата охридскиот чинар го засадил Свети Климент Охридски уште во деветтиот век.

И после толку години дрвото се бори со временските прилики и своите години.

Чинарот е вечна инспирација како за охриѓани така и за сите уметници.

За охриѓани тоа е најпознато место. Денес место каде се сретнуваат, а во минатото место каде стоеле работници - ѕидари.

Ова историско дрво може да се најде во југо-источните подрачја на Балканот. Чинарот расте до 40 метри висина со дебелина на стеблото до 3 метри. Неговиот прекрасен цут може да го забележите во текот на месец април. Неговите цутови се собрани во соцутија, наредени во машки и женски околу оски. По цутењето машките соцутија се сушат и паѓаат, а женските се развиваат во топчести плодови кои узреваат на есен.

Денес од Чинарот во срцето на Охрид останати се стеблото и неколку мали гранки.

 

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 11107 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус