Репортажи

Китино Кале – Кичево

01 март, 07:25

 

 

 

 

 

 

Археолошкиот локалитет Китино Кале се наоѓа во центарот на градот Кичево.

Оваа тврдина се претпоставува дека постоела уште пред нашата ера. Своето име го добива според сестрата на Крале Марко, Кита, која живеела во дворецот на Калето.

На ова место пред стотици години постоеле три бедеми, неколку квадратни кули и секако, дворецот на Кита.

На овој локалитет денес е изградена Спомен Костурница, а дел од ѕидините сè уште се заборавени од времето и од одговорните.

Китино Кале сè уште не е истражувано. При изградбата на Спомен Костурницата пронајдени се монети од времето на Александар Македонски и Јустинијан.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 9656 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус