Репортажи

Колешинскиот водопад – незаборавно доживување

07 септември, 06:43

Оние кои го посетиле прекрасниот Смоларски водопад  сигурно наминале и до Колешинскиот, еден од најголемите и најубави водопади во нашата земја.

Ако патот ве одведе во Струмичко, не пропуштајте ја посетата на Колешино, домот на Колешинскиот водопад, создаден во долниот тек на реката Баба.

Сместен на надморска висина од 500 метри, Колешинскиот водопад е висок 15 метри, што го прави еден од најголемите во Македонија. Создаден е меѓу гранитни камења низ кои водата се спушта надолу со целата нејзина чистота и убавина.

Недопрената природа ве мами на прошетка, а водопадот ви нуди разладување на телото и храна за душата. Звуците на птиците и останатиот жив свет кој ве опкружува ја надополнуваат убавината на ова место каде ќе најдете внатрешен мир и спокојство.

Посетата на Колешинскиот и Смоларскиот водопад не е само обична прошетка. Овој прекрасен дел од нашата земја е одлична можност да дојдете во допир со природата која ќе го разбуди секое зрнце атом во вашето тело, со планинскиот воздух кој ќе ве исполни со необична свежина, со звукот на водата која ќе ја исплакне вашата душа...

А кога на крајот на денот полека ќе тргнете кон дома, ќе бидете нови луѓе, побогати за едно искуство кое е лек за душата.

kolesinskiot vodopad, smolarski vodopad, makedonija, vodopadi, македонија, смоларски водопад, колешински водопад, водопади

kolesinskiot vodopad, smolarski vodopad, makedonija, vodopadi, македонија, смоларски водопад, колешински водопад, водопади

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 8865 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус