Репортажи

Погоди што е...

13 јуни, 06:54

Македонското народно богатство изобилува со многубројни гатанки. Ако денес ние ги имаме вицевите, еве што имале нашите претци:

Сама ум нема, а на друг му дава. (книга)

Крени ја плаче, легни ја молчи. (гајда)

За еден е многу, за двајца доволно, а никако за тројца. (тајна)

Баба зева, дедо виси. (бунар и кофа)

Од куќа до куќа оди, а внатре не влегува. (улица)

Главата в гора, а опашката в море. (река)

Живо свиено со игли набиено. (еж)

Син вир дно нема. (огледало)

Одрано магаре низ село вика. (тапан)

Дебела баба со дванаесет појаси. (бочва)


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2874 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус