Репортажи

Водопадот Дуф во село Ростуше – рај за очите

18 декември, 04:54

Кога станува збор за реки и водопади кои се распространети по целата наша територија, природата била несебична и не се штедела. 

На ова мало парче исконска земја, скоро по сите долини и клисури се наоѓаат прекрасни реки, водопади, убавини и реткости кои по своите карактеристики на настанување и периодот кога се оформиле и настанале, ги има само тука, кај нас, во Македонија и на ниту едно друго место во светот. 

Еден од многуте водопади, кој плени со својата неповторлива убавина, е помалку познатиот Дуфски водопад кој се наоѓа во селото Ростуше.

Водопадот Дуф во село Ростуше – рај за очите, Vodopadot Duf vo selo Rostuse raj za ocite

Во долината на реката Радика, во реканскиот крај, во подножјето на планината Дешат, во националниот парк Маврово, е сместено планинското село Ростуше, во чија непосредна близина се наоѓа природната реткост и убавина - водопадот Дуф. 

Водопадот Дуф во село Ростуше – рај за очите, Vodopadot Duf vo selo Rostuse raj za ocite

Она што овој водопад го прави посебен и го издвојува од останатите водопади е висината на карпата од која паѓа водата, која е околу 30 метри висока. 

Паѓајќи водата од таа висина создава неверојатен звук и глетка која потсетува на нешто многу моќно и грандиозно. 

Природата прави чуда, па така го створила и овој Дуфски водопад. 

На пролет сликата на водопадот и чувствата кои ги предизвикува кај посетителите се многу поголеми и по реални бидејќи, со топењето на снегот, водата надојдува и е скоро за дупло повеќе зголемена од вообичаено ниво, па така се добива многу поимпресивно чувство. 

Водопадот Дуф во село Ростуше – рај за очите, Vodopadot Duf vo selo Rostuse raj za ocite

До водопадот се стигнува многу лесно, по пешачка патека, за време од 30 минути од селото Ростуше.

Во минатото водите од водопадот ги користеле само жените од тој регион за перење на алишта, а подоцна водите од токму овој водопад биле причина за изградба на првата хидроцентрала во регионот, кои произведувалае електрична енергија.

Денес ова место е вистинска туристичка атракција за многу посетители од нашата земја но и од поширокиот регион.
Луѓето го посетуваат Дуфскиот водопад и околниот регион и се разладуваат од завесата од капки која како дожд ги испушта водата паѓајќи по должината на водопадот.

Водопадот Дуф во село Ростуше – рај за очите, Vodopadot Duf vo selo Rostuse raj za ocite

Водопадот Дуф во село Ростуше – рај за очите, Vodopadot Duf vo selo Rostuse raj za ocite

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 12941 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус