Репортажи

Вруток – изворот на Вардар

24 август, 07:14

 

 

 

 

 

 

Вруток е надалеку познатиот карстен извор на најголемата и најдолга река во Македонија, реката Вардар. 

Изворот кој е именуван според селото Вруток се наоѓа во општината Гостивар, во југозападниот дел на Полошката котлина на само 7 км. оддалеченост од центарот на општината, на 683 метри надморска височина. 

Вруток – изворот на Вардар, Vrutok izvorot na Vardar

Вруток – изворот на Вардар, Vrutok izvorot na Vardar

Вруток – изворот на Вардар, Vrutok izvorot na Vardar

Самото име Вруток всушност и значи врело, извор, па според овие оригинални значења е добиено и името на местото каде извира реката Вардар. 

Водата од изворот е чиста и питка и неа ја пијат жителите на Гостивар и жителите од околните села и населени места. Редовно се прават хемиско - биолошки анализи кои во последните неколку години покажуваат дека водата е употреблива и може да се пие.

Денес овие веќе надалеку познати места, изворот а и самото село Вруток, прераснуваат во вистинска туристичка атракција со огромен потенцијал за развој на еко туризмот. 

Луѓето од различни делови на нашата земја но и од пошироко ги посетуваат изворот и селото Вруток, го посетуваат зачетокот на реката Вардар и уживаат во природните убавини кои природата ги распрострала на ова место, а тие се: богатата и разновидна шума, големите пространства обработливо земјиште, преубавите релјефи и пејзажи и големите количества на изворска питка вода.

Мештаните од селото Вруток поради големиот број на посетители почнале да отвораат ресторани и гостилници во кои најмногу се приготвува и се служи златната и сребрената пастрмка, кои тие самите почнале да ја одгледуваат во Вруточките рибници кои ги изградиле.

Вруток – изворот на Вардар, Vrutok izvorot na Vardar

Вруток – изворот на Вардар, Vrutok izvorot na Vardar

Вруток – изворот на Вардар, Vrutok izvorot na Vardar

Вруток – изворот на Вардар, Vrutok izvorot na Vardar

Вруток – изворот на Вардар, Vrutok izvorot na Vardar

Кога на едно место и во еден миг ќе се спојат историјата, минатото, традицијата, желбата за истражување и откривање нови и непознати места и добра порција пастрмки, се добива името Вруток кое пулсира низ вековите наназад и зборува за нашето постоење низ минатото.

Уживајте во денешните фотографии од изворот и селото Вруток и не пропуштајте да ги посетите овие места.    

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 27076 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус