Занимливост, Откритија

Сакате долг живот и добро здравје?

29 мај, 00:01

Долговечноста и доброто здравје можеби и не се така недостижни. Едно истражување, објавено во журналот Psychological Science, покажа дека долговечноста е тесно поврзана со наоѓате на смислата на животот, односно цел која секој од нас треба да ја има пред себе.

Истражувањето беше спроведено на група од 6000 испитаници кои беа набљудувани  во период од 14 години. Испитаниците беа на различна возраст, млади, средовечни и стари лица, а истражувањето покажа исти резултати кај сите, без оглед на нивната возраст.

Научниците кои го спроведоа истражувањето заклучија дека патот до долговечноста и здравјето е наоѓање на некоја цел која ќе нè води и исполнува. Кога ќе ја најдеме целта на нашето постоење и ќе ја насочиме нашата енергија кон реализирање на таа цел, ја зголемуваме можноста за подолг живот и подобро здравје.

Луѓето кои пред себе имаат некаква цел најчесто се одлучуваат и за здрав начин на живот, па можеби оттука доаѓа и поврзаноста со здравјето и долговечноста.

Истражувањето покажа позитивни резултати дури и кај старите лица, што значи дека никогаш не е доцна да се запрашате кои сте и што всушност сакате да постигнете во животот. Кога ќе го најдете одговорот на ова прашање, вашиот живот ќе добие нова смисла и квалитет.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2125 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус