Се сеќавате ли на македонските претставници на детската Евровизија?

21 септември, 12:02

 

 

 

 

 

 

Земете здив и силно држете се за своето столче, затоа што некои навистина ќе ве изненадат. 

Во 2003 година за прв пат се одржа детскиот Евросонг.  Како први претставници на Македонија на овој фестивал беа близначките Марија и Викторија, кои со песната „Ти не ме познаваш“ се пласираа на 12-то место. Марија се повлече од македонската сцена, а нејзината сестра, Викторија, по неколку годишна пауза се врати во шокантно издание, оставајќи нè без здив. 

Викторија Лоба

Наредната година, претставничката Мартина Силјановска, која пееше за „Забава“ го освои 7-то место. По овој успех издаде свој деби албум и неколку музички спота, по што се повлече од сцената. По Мартина, македонската чест ја бранеше Денис Димоски. Детето со енергичен глас, кое со својот „Роденденски бакнеж“ се пласира на 8-то место, продолжи сериозно да чекори по музичките води. Студира соло пеење, а во 2011-та настапи на Охридскиот фестивал со песната „Остани со мене“ со која ја освои третата награда од публиката.

Денис Димоски

По слабиот пласман во 2006 година кога Зана Алиу со песната „Вљубена“ се пласира на 15-то место, во 2007-та се случи вистинско изненадување кога Македонија се пласира на 5-то место.

За овој успех заслужни се Росица Кулакова и Димитар Стојменовски со песната ,,Динг Динг Донг”. Росица потоа се приклучи кон Супер ѕвезда и оствари дует со Тони Зен насловен „Како ништо и да не било“, по што се повлече, а Димитар, како придружник на рап групата Panthefore продолжи во музичките води. Неговите песни, меѓу кои „Не можеш сама ти“ и „Би сторил сè“, може да ги слушнете на YouTube.  

Димитар Стојменовски

Овој успех го повтори и Боби Андонов со песната „Прати ми СМС“ во 2008 година. Слаткото детенце кое ги скрши срцата на многу тинејџерки низ Македонија и светот, прерасна во светска поп рок ѕвезда, текстописец, модел, актер. Појавувајќи се на шоуто ,,Австралија има талент” ја освои австралиската јавност и се пласира во првите 4 кандидати. За неговата кариера се грижи агенцијата The London Management Group.

Боби Андонов

После овие два големи успеси, како нешто да тргна лошо, три години по ред Македонија се пласира на 12-то место. Најпрво, Сара Марковска пеејќи „За љубовта“ (2009), Ања Ветрова со „Еооо, Еооо“ (2010) и „Жими овој фрак“ во изведба на Доријан Длака (2011).

Сара во 2011-та се појави на потрагата по ѕвезди на М2 продукција, а Ања, која сите ја знаеме како енергично девојче, продолжи со настапите ширум светот.

Поради трите последователни слаби пласмани за кои Македонската радио телевизија смета дека се неосновани и се резултат на неправилното гласање, виси одлуката за учество на детската Евровизија оваа година.  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2918 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус