Секој различно ја разбира слободата

09 септември, 14:58

Некој човек кој бил познат борец за слобода патувал насекаде низ светот. Еден ден преноќил во камп кукичка кај некој друг човек, која била сместена високо во планините. Бил воодушевен кога во кукичката здогледал прекрасен папагал во златен кафез кој без престан постојано повторувал СЛОБОДА, СЛОБОДА, а местото бил акустично, па така на секој изговорен збор на папагалот, тој како ехо одекнувал низ кукичката и надвор од неа во планината.
Човекот во себе си помислил:
- Имам видено многу папагали и мислам дека сите тие сакаат да бидат надвор од кафезите во кои се чуваат, да бидат слободни, но сѐ уште немам видено папагал кој по цел ден од утро до мрак ја бара и ја довикува својата слобода.

Човекот одлучил вечерта кога неговиот сопственик ќе заспие да го ослободи папагалот, но на негово изненадување папагалот не сакал да излезе од кафезот иако вратничката била отворена. Му зборувал да излези од него, му зборувал дека ќе му биде многу убаво кога ќе летне во височините и кога ќе биде слободен, но папагалот цело време давал отпор и одбивал да излезе од кафезот, по што тој бил приморан со сила да го извади и да го фрли високо кон небото.

Задоволен дека направил добро дело, спасил еден папагал од кафез кој цело време си ја барал слободата, отишол дал спие со чиста и мирна совест.

Утредента кога се разбудил повторно го слушнал добро познатиот збор СЛОБОДА, СЛОБОДА и си помислил дека папагалот е застанат на некоја гранка надвор од кукичката, но кога излегол од собата го здогледал папагалот како удобно бил сместен во кафезот, а вратничката сѐ уште била отворена ...


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2269 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус