Серија

„Бубалици“ - ТВ Серија која ќе ве насмее до солзи

05 декември, 00:26

Ако имате слободно време во животот за нешто интересно и реално ви ја препорачуваме американската комедија „Бубалици“. Се сеќавате ли на бубалиците од вашето детство, или можеби вие бевте едни од нив? Комедија која на најдобар начин го прикажува заедничкиот живот на едни пријатели од кои секој е со различен карактер.

Леонард и Шелдон се физичари и многу добро ја познаваат вселената, но не им успева планот да стигнат до големо откритие кое ќе ги лансира на врвот. Една од идеите на Шелдон е и шахот за тројца со нови фигури. Дали Шелдон ќе го надмине стравот од опкружувањето и бактериите, дали Леонард ќе остане крал на предиграта во сексот, дали нивните другарки ќе се вразумат, ова и уште многу други одговори ќе ги дознаете само ако ги изгледате седумте сезони, односно 142-те епизоди од „Бубалици“.

ТВ Серијата започна со снимање во 2007 година и сè уште е во тек.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1894 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус