Серија

El Barco – Бродот (2011 - 2013 )

15 јануари, 09:45

Неверојатно возбудлива серија која ќе ве држи во неизвесност и со нетрпение ќе ја чекате секоја нова епизода.

El Barco е шпанска серија, сосема поинаква од шпанските сапуници кои имавме можност да ги гледаме на малите екрани.

Љубителите на авантура и научна фантастика ќе уживаат во приказната за светската катаклизма која го уништува светот, како резултат на несреќа при тестирање на акцелератор на честички во Женева.

Светот каков што го знаеме повеќе не постои, а единствените преживеани се капетанот Рикардо, неговиот екипаж и група ученици кои пловат со бродот Поларна Ѕвезда.
Чудните и мистериозни ситуации на кои наидува екипажот, потрагата по единственото копно на Земјата, сознанието дека има и други преживеани и борбата за тоа кој прв да стигне до драгоценото парче земја, даваат посебна мистичност на секоја епизода.

Покрај мистеријата, серијата изобилува и со секојдневни ситуации од реалниот живот, претставени преку ликовите кои се забавни, на моменти неверојатно смешни, ликови преку кои се претставени сите добри и лоши човечки особини, размислувања за животот, пријателството, вербата и надежта.

Одличната актерска екипа ( Mario Casas, Blanca Suarez, Juanjo Artero, Irene Montala …), возбудливата приказна која крие длабоко општочовечко значење и мистеријата која од епизода во епизода сè повеќе се зголемува, ја вбројуваат серијата меѓу најдобрите од овој вид.

Епизодите се достапни на интернет, со одличен квалитет и превод.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2543 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус