Серија

Game of Thrones: Што ќе донесе новата сезона

12 март, 10:18

Фановите на мега популарната серија „Игри на престолот” со нетрпение ги очекуваат новите епизоди од 4-та сезона, која својата премиера ќе ја доживее во април оваа година.

Кабелскиот оператор HBO кој ексклузивно ја емитува серијата му дозволи на претседателот Обама да ги изгледа сите епизоди од четвртата сезона, пред било кој друг да има таква можност. Обама е голем фан на Game of Thrones, па неговата желба да дознае што ќе се случува со јунаците од серијата била исполнета за миг.

За нас останатите, HBO ги објави имињата на првите 4 епизоди од 4-та сезона и краток опис на истите.

Епизода 1: Два мечеви
Епизода 2: Лавот и розата
Епизода 3: Кршач на синџири
Епизода 4: Чувар на заклетвата

Што можеме да очекуваме од 4-та сезона:

Џон Сноу се враќа во Црниот Замок и сфаќа дека не е добредојден. Северно од ѕидот, Бран има визија која му го покажува патот по којшто мора да оди. Ајра наидува на еден стар пријател. Тирион му помага на својот брат Џејми...

На големо задоволство на фановите на прекрасната Емилија Кларк која ја толкува улогата на Денерис Таргариен, ликот на Денерис ќе биде доста застапен во првата половина од 4-та сезона.

„Игри на престолот” ужива огромен рејтинг, добитник е на Златен Глобус (награда за најдобра споредна улога) и уште 53 награди, а номинирана е дури 104 пати.
 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1301 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус