Серија

Изгубени – Lost

30 август, 12:28

Американската ТВ серија „Изгубени” (Lost) ги прати животите на преживеаните патници од авионската несреќа која се случува на мистериозен тропски остров во Јужен Пацифик, некаде помеѓу Сиднеј и Лос Анџелес.

Преживеаните се приморани да живеат заедно на островот. Тој е нивни опасен нов свет и претставува закана за секој од нив.

Во секоја од епизодите е прикажана главната приказна која се случува на таинствениот остров, но истовремено е пропратена со друга приказна која се случува надвор од островот и е поврзана одделно за секој еден лик.

Убавината на островите на Хаваи каде е снимана серијата никого не може да остави рамнодушни. Прекрасните густи шуми, флората и фауната на островите, прекрасните пејсажи, плажите и секако приказната за „Изгубените” ќе направат ниту во еден миг да не можете да се одделите од серијата, да станете зависни од неа и со нетрпение да ги очекувате новите продолженија.

„Изгубени” е една од најскапите ТВ серии кои до сега се имаат снимано. Тоа е така поради големиот број на актери и високите цени кои се плаќаат за да се снима на Хаваите.
Во главните улоги се појавуваат: Evangeline Lilly (Kate Austen), Matthew Fox (Jack Shephard), Josh Holloway (James “Sawyer” Ford), Terry O’Quinn (John Locke)  и многу други.
Серијата има повеќе креатори меѓу кои се спомнуваат: J. J. Abrams, Damon Lindelof, Carlton Cuse, Adam Horowitz и уште неколку други.
Доколку до сега не сте ја гледале серијата, најискрено ви ја препорачуваме, верувајте нема да зажалите.     

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2289 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус