Серија

Монтевидео, Бог те видео

30 август, 06:58

Серијата која раскажува за почетоците на фудбалот во Кралството Југославија ќе ве освои уште со првата епизода.

Снимена според истоимената книга на спортскиот новинар Владимир Станковиќ, во режија на Драган Бјелогрлиќ, оваа серија е вистинско уживање за љубителите на фудбалот, но и за сите оние кои сакаат да се насмеат, расплачат, да уживаат во генијалноста на некои од најдобрите српски актери и да бидат сведоци на раѓањето на нови актерски ѕвезди.

15 –те епизоди ве водат на незаборавно патување до далечниот Уругвај, каде во Монтевидео се одржува првото Светско првенство во фудбал.

Сиромаштијата е голема препрека за репрезентацијата на Југославија, чии фудбалери се талентирани момчиња кои мора да изберат помеѓу фудбалот (кој во тоа време воопшто не носел пари) и работата во фабриките која им била неопходна за да се прехранат.

Она што серијата ја прави особено интересна е нејзината историска страна, настаните кои навистина се случиле во далечната 1929 година, како и приказната за еден од најголемите фудбалски тандеми на сите времиња, фудбалерите Тирке и Моша, легендите на југословенскиот фудбал.

На моменти комична, на моменти романтична и трогателна, серијата е сведоштво за едно време кога се живеело сиромашно и скромно, па можеби затоа луѓето знаеле да се радуваат, да ја ценат секоја ситница и заедно да делат радост и тага.

Монтевидео, Бог те видео е приказна за еден сон, за една желба да се оствари невозможното, за еден неочекуван успех кој никогаш нема да се заборави.

Серијата е дoстапна на youtube, а за оние нестрпливите тука е и филмот кој претставува скратена верзија на серијата.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1472 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус