Серија

Pillars of the Earth

08 февруари, 12:25

Епско - драмската, историско - романтична приказна раскажана во серијата Pillars of the Earth, ја опишува алчноста која се јавува кај луѓето при откривањето на мистериозна тајна.

Мини серијата која се состои од осум епизоди е снимена врз основа на истоимената книга од авторот Ken Follett.

Дејството се случува во Англија, во 12 - от век, за време на анархијата и безредието кое владее во тоа време, во измислениот град Кингсбриџ, каде битката за превласт и освојување на тронот предизвикува Англија да биде растргната и опустошена.

Актерската екипа која се појавува во серијата придонесува одлично да се долови идејата на авторот и режисерот. 

Костимографијата и сценографијата кои се карактеристични за овој период, само ја надополнуваат комплетната слика за раскажаната приказна.

Оваа е актерската екипа која се појавува во Pillars of the Earth:


Ian McShane се појавува како Waleran Bigod, Rufus Sewell како Tom Builder, Matthew Macfadyen ја игра улогата на Prior Philip, Eddie Redmayne го игра ликот на Jack, Hayley Atwell се појавува како Aliena и Donald Sutherland го игра Bartholomew.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1894 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус