Серија
„The Event”
„The Event” е американска телевизиска серија креирана од Nick Wauters.
Серијата содржи елементи на научна фантастика, акција, авантура и политичка алегорија.
Кога еден млад човек тргнува во потрага по својата исчезната девојка, наидува на низа проблеми, нејаснотии и мистерии, кои од епизода во епизода сé повеќе и повеќе ќе му се разјаснуваат.
Дејствието достигнува кулминација кога во серијата се појавуваат група вонземјани кои пред 66 години дошле на Земјата со цел да ја населат.
Напнатоста од епизода во епизода е сé поголема и ќе ве натера во еден здив да ги изгледате сите 22 епизоди од првата сезона.
Засега нема најави дека ќе има продолжение на серијата, но и од првата сезона ќе можете сами да си го доловите крајот.
Во главните улоги се појавуваат:
- Jason Ritter како Sean Walker – софтверски инженер кој ќе биде вклучен во заговор на Американската влада барајќи ја својата мистериозно исчезната свршеница;
- Sarah Roemer како Leila Buchanan – девојката на Sean Walker која е киднапирана. Откако е спасена таа се обидува да ја пронајде својата помала сестра која исто така е киднапирана. Во потрагата таа дознава дека и двете се како нивниот татко ...
- Laura Innes како Sophia Maguire – лидерот на мистериозната вонземска група, која умешно преговара со претседателот на Америка за добивање и остварување на зацртаните цели на својата група.
Додади коментар