Позитива, Мисли

Си ветувам себеси дека...

29 април, 08:06

 

 

 

 

 

 

„На секој начин ќе се трудам максимално да ја зголемам енергијата на своето тело. Моето тело е мојата врска со бескрајниот дотек на енергија од вселената. Доколку, на кој и да е начин, почувствувам недостиг на енергија, тоа значи дека му се спротивставувам на дотекот од овој бескраен извор. Ќе го прашам своето тело што му е потребно и ќе го следам неговиот совет. Идеалната состојба подразбира дека ќе доживеам таква леснотија што нема да чувствувам дека телото ме ограничува. Телото и вселената се една целост.


Пред да реагирам на која било емоција, ќе му се обратам на своето срце. Кога верувам во своето срце, тоа ми е сигурен водич. Ми помага да искусам емпатија, сожалување и љубов. Срцето е средиште на емоционалната интелигенција. Емоционалната интелигенција ми овозможува да се поврзам со своето најдлабоко јас. Тоа ги негува сите односи така што ме потсетува да се видам себе си во другите.


Мојот показател за среќа ќе биде леснотијата што ја чувствувам во своето тело. Доколку се почувствувам тежок или тромав, ќе посветам особено внимание, затоа што таквите чувства се знак дека страдам од инертност и дека не можам да го доживеам потенцијалот на обновувањето на новиот живот што ми се нуди во секој момент. Телото најмногу ќе го закрепнам кога ќе му го дадам она што најмногу му треба, било тоа да се сон или одмор, било да се окрепувачка храна и радост на движењето, или пак општење со природата.”


Извадок од книгата „Рецепт за вистинска среќа” од Дипак Чопра


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3206 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус