Мој предлог, Книга

„Школа на животот“ – хит книга за ова лето

23 јуни, 00:01

Се сеќавате на Бруно Шимлеша и неговото дело „Љубовологија“?

Делото на Шимлеша кое во 2012 година ги сруши сите рекорди на читаност на балканот ги отвори портите на овој млад и надежен автор, а пред сè полн со позитивна енергија кон освојување на светската читателска маса. 

Најново дело со кое се обраќа кон читателите е уште една книга од областа на психолошката литература насловена „Школа на животот“. Ако „Љубовологија“ ги сруши сите рекорди на читаност на Балканот, можеме да очекуваме и новото дело да ја доживее истата судбина.

Отворен и искрен Шимлеша говори за среќата, за животот, за нашата перцепција на она кое нè опкружува. Преживување или живеење, изговори или одговори, што сакаме ние? Книга која ќе има за цел да мотивира и да подучува како да живееме посреќно. 

Бруно Шимлеша е автор на седум книги и е најпознат хрватски автор од областа на популарната психологија. 

Не пропуштајте го едно од најдобрите дела за ова лето и научете како да живеете посреќни.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3544 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус