Скриен лавиринт лежи во пустината во Перу

28 март, 00:33

Наска линиите во Перу и ден денес остануваат една од најголемите мистерии.

Создадени некаде помеѓу 400 и 650 година, линиите Наска прикажуваат цртежи на колибри, пајаци, риби и гуштери и се видливи само од воздух, од голема височина.

Нивната цел сè уште е мистерија, а неодамна оваа мистерија е збогатена и со откриениот лавиринт кој лежи некаде во средината на линиите.

Лавиринтот беше пронајден по петгодишна  истрага на двајца археолози кои за изминатите пет години изминале околу 1 500 км. низ пустината, со цел подобро да ги проучат линиите и да го разберат нивното значење.

За разлика од цртежите кои се препознатливи само од голема висина, лавиринтот имал друга цел. Имено, тој бил наменет за пешачење и можел да се забележи и доживее исклучиво ако се изоди патеката.
4.4 километри долгиот лавиринт има 15 свиоци кои водат од и кон висок рид, за потоа да го одведат патникот во спирален ходник.

Рабовите на лавиринтот се одлично зачувани, а за да го поминете ќе ви биде потребен околу еден час.

Археолозите сметаат дека лавиринтот имал духовна и ритуална цел, но зошто навистина бил создаден и какво било неговото значење за цивилизацијата Наска, можеби засекогаш ќе остане мистерија.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2199 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус