Животен стил, Кујна, Рецепти

Слатки - школки

12 јули, 14:20

 

 

 

 

 

 

Состојки за школките:
1 и 1/2 шолја мелени ореви
1 и 1/2 шолја мелен шеќер
3 шолји мелени бисквити
3 лажици маргарин

Сите состојки се ставаат во поголем сад и се мешаат со малку млеко. 
Смесата за школките треба убаво да се соедини и треба да е средна по мекост. 
Со помош на калапче, една по една се формираат половините школки. 
Подготвените школки се оставаат да стојат на суво и ладно место, а во меѓувреме се подготвува филот.

Состојки за фил:
2 жолчки
1 јајце
6 лажици шеќер во прав
1 лажица брашно
2-3 лажици млеко
4 реда чоколадо за готвење

Сите овие состојки убаво се варат над пареа додека да се соединат и се оставаат да убаво да се оладат. Откако смесата за филот ќе биде сосема ладна, во неа се додава еден маргарин, кој претходно се мати со миксер. 
Филот убаво се соединува со маргаринот и со помош на готварски шприц се филуваат школките.
Од филот се става на една половина на школката и потоа над него се става друга половина од школките.
Откако ќе се добијат готовите форми на школки, на филот на секоја од нив се става по едно благо бисерче за да се долови изгледот на оригиналната школка.


Интересни, декоративни и многу вкусни слатки кои се украс на секоја трпеза.
Подгответе ги и уживајте во нивниот неодолив изглед и вкус.
Пријатен апетит!   


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 9142 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус